Подготовка за видеоповик

Еве неколку совети како да вршите видеоповици преку интернет.

Што е видеоповик?

Едно од одличните нешта кај интернетот е дека ви овозможува да вршите бесплатни видеоповици во секое време. Вршењето видеоповик е исто како да зборувате по телефон, но сега можете да го видите лицето на соговорникот.

Што ви треба

Вие веројатно веќе имате сѐ што ви треба за да вршите видеоповици. Клучните нешта што ви требаат се паметен телефон, таблет или компјутер со:

Снимка од екран од играта Пасијанс
  • камера или веб-камера (webcam), за да доловувате видео
  • микрофон (microphone) во којшто ќе зборувате
  • звучници (Speakers) за да го слушате лицето кое го повикувате.

Сите овие нешта се вградени во повеќето компјутерски уреди. Меѓутоа, некои десктоп компјутери може да немаат вградена камера. Ако имате десктоп, можете да купите веб-камера и да ја приклучите во вашиот компјутер.

Исто така, ќе ви треба и соодветна апликација.

Апликации за видеоповици.

Постојат голем број апликации за видеоповици. Некои од најпознатите се:

  • Skype
  • WhatsApp
  • FaceTime
  • Zoom

Можете да ги преземете сите овие апликации од интернет. Всушност, FaceTime и Skype се веќе инсталирани во голем број уреди. Кога сакате да вршите видеоповик со некого, тој или таа треба да има иста апликација како вас. Ако ја користите Skype, можете да повикате некого што, на пример, ја користи WhatsApp.

Колку чини тоа

Кога имате домашен пакет за податоци или за мобилен уред, нема да плаќате дополнителни трошоци за видеоповици. Можете да зборувате онолку долго колку што сакате без да плаќате повеќе од редовната месечна претплата.

Има некои исклучоци. На пример, Skype ви дозволува да вршите видеоповици од вашиот уред на нормална телефонска линија, но за тоа треба да платите. Но, ако сакате да повикате друго лице кое исто така ја користи Skype, нема да плаќате дополнителни трошоци.

Бидете внимателни кога вршите видеоповици преку мобилниот телефон со мобилни податоци, бидејќи надминувањето на месечниот пакет мобилни податоци може да предизвика дополнителни трошоци. Кога можете, вршете видеоповици преку домашната Wi-Fi врска.

Како да користите камера

Камерата вградена во вашиот уред обично се наоѓа над екранот. За да ја користите, едноставно следете ги овие едноставни упатства.

  • Ако повикувате од компјутер, седнете и користете го вашиот лаптоп или десктоп компјутер во нормална и удобна позиција за пишување.
  • Ако имате паметен телефон или таблет, држете го на соодветно растојание од лицето. Вообичаено е најдобро да го држите телефонот исправен, но поудобно е да го држите странично.

Како да користите микрофон и звучници

Кога зборувате при видеоповик, едноставно зборувајте природно. Не треба да викате.

Гласот на соговорникот доаѓа преку звучниците на вашиот уред.

Ако не го слушате соговорникот, можете да ја зголемите јачината на звукот преку копчињата за звук на вашиот уред.

Време за повик

Голем број луѓе користат видеоповици и сега е многу лесно да се прави тоа. Обично, треба само да го изберете името на некое лице во списокот со контакти на вашиот уред и да го притиснете копчето за видеоповик. Апаратот на соговорникот ќе заѕвони и кога тој или таа ќе одговори, можете да почнете да зборувате.